Дома Живот Заборавено старо МАКЕДОНСКО име: Едно од најубавите за девојчиња – симболика како...

Заборавено старо МАКЕДОНСКО име: Едно од најубавите за девојчиња – симболика како ниедно друго

209
0

Заборавено старо МАКЕДОНСКО име: Едно од најубавите за девојчиња – симболика како ниедно друго

Во морето од модерни и странски имиња, малкумина се осмелуваат да посегнат по оние што речиси се заборавени, а името Иконија особено се издвојува.

Денес, многу ретко се дава. Можеби ќе го сретнете во некое село, можеби нечија баба го носи, но речиси и да не постои меѓу новите генерации. Сепак, токму во оваа реткост лежи неговата уникатност – име кое го зачувува духот на минатото, а во исто време може да звучи силно и единствено во современиот свет.

Значењето на името Иконија

Името Иконија потекнува од грчкиот збор еикон, што значи икона или света слика. Во симболична смисла, ова име носи значење на нешто возвишено и достоинствено – девојка која е убава како икона, сјајна, посебна и достојна за почит. Иконија е онаа пред чија добрина и сила се застанува, име кое евоцира убавина однадвор, но и благородност одвнатре .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име