Грчка торта од гриз и портокал
Состојки
За кората:
2 јајца
100 г шеќер
100 г јогурт
100 мл сок од портокал
100 мл масло
1 портокал (рендана кора)
1 прстофат сол
1 лажичка арома на ванила
200 г пченичен гриз
150 г пченично брашно
1 кесичка прашок за пециво
За сирупот:
100 мл сок од портокал
100 г шеќер
50 мл вода
За преливот и декорацијата:
малку грчки јогурт
1-2 лажици сечкани или мелени фстаци
Подготовка:
Јајцата со шеќерот матете ги со миксер додека не добиете пенаста смеса. Исклучете го миксерот и додадете сок, јогурт, масло, арома на ванила, сол и рендана кора од портокал. Измешајте, а потоа додадете гриз, брашно и прашок за пециво. Добро измешајте и истурете ја смесата за колачот во плех со димензии 30×20 см претходно обложен со хартија за печење и ставете го во претходно загреана рерна на 200 степени. Печете го колачот околу 20-25 минути, или додека не добие златно-кафеава боја.
Додека се пече колачот, подгответе го сирупот. Ставете го сокот од портокал, водата и шеќерот во тенџере и варете 10-15 минути, или додека не стане лепливо. Избоцкајте го изладениот колач со вилушка и прелијте го со млак сируп. Исечете го колачот на парчиња и прелијте го со малку грчки јогурт и наросете малку ф’стаци.