Ви трнеат рацете и прстите? Алармантен знак што укажува на сериозна состојба – веднаш посетете лекар
Ако често ви трнат рацете, обрнете внимание на овој симптом, бидејќи може да укажува на сериозни болести.
На рацете има многу чувствителни рецептори кои се поврзани со нервниот систем , и ако овие нерви се оштетени или се под притисок, може да се појави пецкање.
Експертите предупредуваат дека ова може да биде знак на две сериозни состојби: проблеми со тироидната жлезда (како што е хипотироидизам), што може да го оштети нервниот систем или мозочен удар.
Доколку забележите зголемување на телесната тежина, опаѓање на косата или чувствувате студ заедно со пецкање, консултирајте се со вашиот лекар.
Исто така, ако трнењето во рацете е придружено со искривена уста, нејасен говор, вртоглавица или заматен вид, веднаш побарајте медицинска помош бидејќи ова може да бидат симптоми на мозочен удар.








