Дома Твој готвач Вирален рецепт за салата од компири што го воодушеви светот

Вирален рецепт за салата од компири што го воодушеви светот

175
0

Вирален рецепт за салата од компири што го воодушеви светот

На социјалните мрежи се појави нов хит кој целосно го промени начинот на кој ја перцепираме компир салатата.

Овој едноставен, но различен рецепт ги освои милиони корисници бидејќи носи неодолива комбинација од крцкаво и кремасто во едно јадење.

За разлика од класичната подготовка, компирите прво се варат, потоа малку се пасираат и кратко се печат во рерна со малку маслиново масло и зачини. Токму овој чекор го дава посебниот вкус и текстура што сите ја фалат.

По печењето, компирите се мешаат со освежителен дресинг од јогурт, мајонез, сенф и сок од лимон, со додавање на краставица, црвен кромид и магдонос.

Состојки:

✅ 500-700 г компири

✅ малку маслиново масло

✅ сол, бибер, пиперка

✅ половина свежа краставица

✅ 1 црвен кромид

✅ малку магдонос

Прелив:

✅ 4-5 лажици јогурт

✅ 2 лажици мајонез

✅ 1 лажичка сенф

✅ сок од половина лимон

✅ сол

Подготовка:

Сварете ги компирите, ставете ги на плех и изгмечете ги. Додадете малку маслиново масло и зачини и печете ги околу 20 минути на 180 степени. Во тоа време, измешајте ги сите состојки за дресингот и додадете го зеленчукот. Додадете ги печените компири во садот со другите состојки, измешајте и уживајте во салатата.

Резултатот е брза салата што изгледа и мириса на јадење од ресторан. Оваа вирална верзија докажува дека дури и најобичните јадења, со малку трик, можат да станат вистинска ѕвезда на масата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име