Велигденски зајчиња што децата ќе ги обожаваат: Рецепт за преслатко тесто што ја прави трпезата неодолива
Доколку сакате да ја украсите велигденската трпеза со преслатки колачи, тогаш наш предлог е да го пробате овој рецепт.
Направете лепче во форма на зајак , кое е многу лесно за подготовка.
Тестото се меша со миксер неколку минути, а обликот на зајакот се прави што е можно полесно. Можете да го наполните со џем или крем, а можете да го послужите и празно.
Состојки:
✔️600 г брашно
✔️250 мл млако млеко
✔️100 г шеќер
✔️100 г мек путер
✔️1 јајце
✔️10 г сол
✔️1 лажичка сув квасец
За премачкување:
✔️1 јајце
Рецепт за лепчиња во форма на зајак:
✔️Направете го тестото
Во сад измешајте просеано брашно, млеко, шеќер, путер на собна температура, јајце, сол и квасец. Добро матете го тестото додека сите состојки добро не се соединат. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да нарасне околу половина час или еден час.
Обликувајте ги зајаците
Поделете го тестото на топчиња со тежина од 80 г. Покријте повторно со проѕирна фолија и оставете ги да нараснат уште 15 минути. Потоа земете едно топче и направете змија. Исечете ги краевите. Замотајте го поголемиот дел, како ролат со цимет, а пократкиот крај оставете го да ви служи како опашка.
Одвојте го другиот исечен крај малку повеќе како змија и исечете го на средина (не до крај) за да направите уши. Ставете го врз ролатчето и ставете бибер како око. Направете го истото со сите топчиња.
Печете 25 мин додека зајците не поруменат.








