БАБИНИ ПОСНИ СТАПЧИЊА – нема подобри и тие се силна конкуренција за секоја пекара
Тенките, крцкави стапчиња од тесто се лесни за подготовка, секогаш се добредојдена закуска и може да се сервираат со разни намази.
Состојки:
брашно 400 г
сув квасец 1
шеќер 1 лажичка
сол1 лажичка
млака вода200 мл
маслиново масло 60 мл
сусам2 лажици
масло за обложување 1 лажица
Како да се подготви
Во сад измешајте брашно, сув квасец, шеќер и сол. Додадете млака вода и маслиново масло и замесете мазно и еластично тесто. Покријте го садот и оставете го тестото да нарасне околу 30 минути. Замесете го нараснатото тесто и расукајте го на набрашнета површина со дебелина од околу половина сантиметар.
Исечете го тестото на долги ленти широки околу 1 сантиметар, потоа нежно расукајте ги и обликувајте ги во тенки стапчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со масло и наросете ги со сусам. Печете околу 20 минути на 180 степени додека не поруменат и не станат крцкави.








