7 фантастични употреби на лукот
Лукот е една од најпознатите природни лековити намирници, состојка која лесно се користи во секоја кујна. Освен што лечи грип и настинки благодарение на неговото антибактериско дејство, лукот е лесно применлива намирница и во низа други ситуации.
Акни
Една од предностите на лукот секако е неговото благотворно дејство на убавината, имено сокот од лук ги лекува акните и мозолчињата. Доволно е да згмечите две чешниња лук и смесата да ја ставите на местото на воспалението, резултатите ќе бидат видливи по неколку минути кога ќе се смири отокот околу мозолчето.
Херпес
Вирусна инфекција на усните, добро позната како херпес, е многу непријатна појава, но излечива ако на неа ставите чешне лук и го држите директно на болното место околу 10 минути. За ефективни резултати, повторете ја постапката пет пати во текот на денот.
Инфекција на увото
Лукот помага и во лекувањето на увото воспаление, а рецептот е брз и едноставен. Во лажица врело маслиново масло ставете искршено чешне лук и оставете го да отстои еден час, капнете неколку капки во увото и повторете го истото два пати на ден.
Трн под кожа
Мало парче дрво кое навлегува под кожата тешко се истиснува, но со помош на лук поставен на болното место и покриен со гипс, Трнот лесно ќе исплива на површината.
Губење на косата
Лукот е познат и по ефикасното дејство за обновување на скалпот, па ако ви опаѓа косата неколку пати неделно, тријте ја со масло од лук или самиот лук и оставете го да делува најмалку 10 минути.
Сируп против кашлица
Лукот делува како антибиотик, па може да помогне и во борбата против кашлицата. Во децилитар топла вода ставете две ситно исечкани чешниња лук, оставете да отстои неколку минути и потоа испијте го како чај.
За нега на кожата
Алицинот, соединението во лукот помага да се омекне кожата и да се направи мазна. Додадете малку издробен лук на маската за лице, оставете ја да делува неколку минути подолго од предвиденото и исплакнете ја со млака вода. Чистиот тен и свеж изглед се резултат на оваа лесна процедура.