Дома Живот 7 ситуации во кои лимонот е незаменлив: Од гадење и болки во...

7 ситуации во кои лимонот е незаменлив: Од гадење и болки во грлото, до дезинфекција!

253
0

Поради своите кисели својства, лимонот може да има антибактериско и антисептично дејство, тој е идеален за чистење на разни површини.

Лимонот е интересна храна – може да биде сладок и горчлив и кисел, и може да ви помогне на сосема неочекувани начини кои воопшто не вклучуваат готвење. Дознајте подолу какви се ситуациите и како лимонот може да стане вашето ново омилено овошје.

Исчистете ја микробрановата печка:

Поради своите кисели својства, лимонот може да има антибактериско и антисептичко дејство, идеално за чистење на микробранова печка. Исцедете половина лимон во сад (што е безбеден за употреба во микробранова печка) и додадете половина чаша вода. Вклучете ја микробрановата печка 2-3 минути, а потоа исклучете ја и почекајте уште 5 минути без да ја отворите вратата. После тоа, само избришете ја внатрешноста со крпа за чистење.

Смири го грлото:

Споменатите антибактериски и антисептички својства на лимонот можат да бидат многу корисни за болки во грлото. Како бонус, постои и високо ниво на витамин Ц, што ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Едноставно исцедете половина лимон, додадете малку вода и исплакнете го грлото или додадете исцеден лимон во омилениот чај.

Помогнете при каснување од комарец:

Чешање и црвени дамки се само некои од симптомите на каснување од комарец, но за среќа природните антиинфламаторни и анестетички својства на лимонот се тука за да ви помогнат во таа ситуација. Едноставно нанесете малку сок од лимон на местото на пункција, или исечете го лимонот на половина и нанесете го на делот од кожата каде чувствувате чешање.

Го зголемува нивото на енергија и го намалува стресот:

Природниот мирис на лимон може да помогне во враќањето на енергијата и да го намали нивото на стрес. Доволно е да почувствувате мирис на свежо овошје со цел да ги заживеете вашите сетила, да се ослободите од поспаноста и да се опуштите.

Може да спречи гадење:

Дали чувствувате гадење или мамурлак? Без грижа, лимон е тука за да ви помогне. Исечете го на парчиња, измолцкајте едно парче 1-2 минути, а потоа задолжително исплакнете ја устата. Исто така, треба да се напомене дека премногу лимон може да ја оштети глеѓта на забот, затоа не претерувајте со овој метод.

Освежете го фрижидерот:

Лимонот може да делува и како природен дезодоранс за простории, а поради неговите антибактериски и антисептички својства, вашиот фрижидер ќе мириса убаво и свежо. Потопете сунѓер, парче памук со сок од лимон и оставете го во фрижидер неколку часа.

Ја чисти даската за сечење во кујна:

Уште се обидувате да се ослободите од мирисот на лук и пиперки од вашата даска за сечење? Без грижа, кора од лимон е тука за да ви помогне и во оваа ситуација! Маслата што се наоѓаат во кората од лимон, исто така, имаат антибактериски својства, па затоа лимонот може да се користи како природен чистач. Едноставно исечете го лимонот на половина, исцедете го сокот и употребете го за нешто корисно, но не заборавајте да ја оставите пулпата. Посипете една лажичка сол на даската и истријте лимон по целата даска. Исплакнете добро и даската е повторно чиста и без непријатни мириси

Претходна објаваНајбрзи чоколадни бомбици…
Следна објаваРолни од цимет и чоколадо, ќе ве воодушеват…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име