6 изненадувачки работи кои ќе ве направат среќни
Успешни сте, но постојано имате чувство дека нешто недостасува? И да, не сте најсреќни. Веднаш да разјасниме: среќа не е само кога си заљубен, сакаш, фрлаш камчиња во водата, шеташ покрај река држејќи се за рака… Среќата е широк поим. Ви носиме неколку мали нешта кои можат да ве направат среќни и задоволни.
Поминете време со децата
Истражувањата покажаа дека децата најмногу сакаат да бидат со своето семејство. Дружете се со вашите деца, внуци, гарантираме дека оваа дружба ќе ве развесели и ќе ве израдува вас и нив.
Ризикувајте
Умирате да побарате од вашиот шеф покачувањето и унапредувањето што знаете дека го заслужувате, но стравот од отфрлање ве кочи. Звучи познато? Ако стравот од разочарување ве спречува да преземате повремени ризици, вие всушност си ја ускратувате среќата. Следниот пат, не плашете се! Ако го добиете она што сте го сакале, ќе бидете многу возбудени и задоволни, а ако не го добиете – ќе видите дека некои работи не болат толку колку што сте мислеле.
Не биди роб на навиките
Ви се допаѓаат вашите навики и најсреќни сте кога работите ги правите по фиксен редослед. Или така мислите. Излегува дека постојаноста не е секогаш најдоброто решение и не ве прави постојано среќни, особено кога станува збор за активности во кои би требало да уживате. Внимавајте да не влезете во рутина, бидејќи така нема да можете лесно да се „извлечете“. Пробајте нови работи – гарантираме дека промената е одлична работа.
Купена среќа
Како што мислеа повеќето од нас, старата поговорка за пари и среќа не е баш точна. Добро, па можеби ако си купите ново нешто што долго време го посакувате ќе ве направи среќни, но истражувањата покажуваат дека трошењето пари на други луѓе ќе ве направи уште посреќни. Кога последен пат сте подариле нешто на вашата најдобра пријателка или мајка? Се надеваме дека не го правите тоа само од роденден до роденден!
Чкртање
Можеби звучи чудно, но истражувањата покажуваат дека цртањето на сите тие цвеќиња, ѕвезди и чудни форми за време на телефонските разговори ве прави посреќни. Затоа, слободно опуштете се и дозволете си да чкртате.
Мал одмор
Веста дека одморот не радува воопшто не е големо изненадување. Сепак, изненадувањето е што неговото времетраење не е важно за среќата. Имено, истражувањата покажуваат дека подеднакво сме среќни ако сме на одмор седум дена или еден викенд. Важно е да се промени средината.