Дома Психолошки совети 5 работи кои го попречуваат вашиот личен напредок

5 работи кои го попречуваат вашиот личен напредок

557
0

Страв. Тоа ни го преокупира умот и не спречува да напредуваме. Стравот е главната причина поради која понекогаш одолговлекуваме и губиме самодоверба, бидејќи целосно не парализира. Стравот, сепак, не е единственото нешто што стои на патот на нашиот успех и лично задоволство. Еве што друго не спречува да ги постигнеме овие цели…

Споредба со другите
Споредбата може да биде поттикната од негативен внатрешен монолог во кој секогаш сме најлоши. Кога често си велите дека сте неспособни, логично е да почнете да верувате во тоа и да ја изгубите храброста и волјата да дејствувате продуктивно. Нашиот совет е да се фокусирате на себе, каде сте денес, каде бевте вчера и каде се гледате себеси во иднината и да заборавите на споредбите со другите. Само тогаш ќе добиете вистинска слика за тоа колку напредувате.

Прекумерна самокритика
Корисна е здрава доза на самокритика. Тоа мотивира и помага на патот кон целите. Меѓутоа, ако сте (пре)строг критичар на себе, тоа може да биде огромна пречка за вашиот напредок.

Чекате дозвола од другите за се што сакате да направите
Често барате совет од блиски луѓе и ретко постапувате без нивно одобрение, дури и кога станува збор за многу едноставни одлуки. Најмногу се грижите да не разочарате никого, на штета на се останато. Сепак, подобро би било да почнете да и верувате на вашата интуиција и да станете понезависни.

Сè правиш сам
Барањето помош е знак на слабост за вас. Сакате да успеете сами и да работите напорно за да ја постигнете целта. Би било препорачливо да се прекине оваа практика. Нашиот следен предлог може да ви помогне во тоа. Запишете ги трите работи кои ви создаваат најмногу проблеми во моментов. До секое, напишете го името на личноста која веќе има искуство во оваа област. Запишете ги прашањата што сакате да ги поставите на секој од овие луѓе. Јавете им се и поставете им ги дадените прашања.

Го чекате вистинскиот момент кој никогаш не доаѓа
Ги одложувате важните работи бидејќи наводно не е вистинското време за нив. Секогаш имате нешто друго да направите пред нив, иако на сите им е јасно дека само одложувате. Се оправдувате за недостиг на искуство кога не се пријавувате за работа, недостаток на време кога не се појавувате на собир со колегите и секогаш се друго има приоритет пред работите кои се клучни за вашиот личен развој.

Извор: аktivni.si

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име