3 МИНУТИ ЗА ДОВЕРБА! Психолозите советуваат како да разговарате со вашето дете уште од најмала возраст
Презафатените родители големи работни обврски со чувство на вина затоа се обраќаат за помош кај психолозите, а еден од советите е, таканареченото правило од три минути.
- Колку време поминувате со вашето дете после работа? Ни требаат околу 30 минути да им подготвиме вечера, 15 минути да им прочитаме книга и само еден момент да ги бакнеме за добра ноќ. Меѓутоа, меѓу сите тие периоди има три минути кои се најважни во текот на денот – се вели во текстот.
Кое е „правилото за три минути“
Посветете му на детето најмалку три минути внимание секој пат како да не сте се виделе долго време, дури и ако не сте се виделе пет минути додека сте биле, на пример, во продавница. Психолозите истакнуваат дека е важно додека разговарате со детето да се спуштите до неговата висина и да поминете три минути разговарајќи на обични теми како што се прави, дали е гладно итн. Многу е важно тоа да го правите кога го земате вашето дете од градинка, училиште или кога се враќате дома од работа.
Зошто е важно
Според психолозите , во текот на тие три минути детето ќе ви ги каже сите информации што се свежи и што ги запаметило.
Дете кое нема можност да им каже се на родителите, нема да зборува за важни работи и со текот на времето ќе му се чини дека некои факти не се вредни за спомнување.
Во овој случај, родителите може да бидат лишени од важни информации. Другите деца ќе зборуваат цела вечер, потсетувајќи се на нови факти, но родителите на таквото дете, од друга страна, ризикуваат да не слушнат многу бидејќи говорот на детето на крајот ќе им стане само „шум во позадина“.
Секој ден, поминувајте малку време со вашето дете правејќи нешто за што сте заинтересирани и вие и детето.
Дозволете му на детето да разбере дека го разбирате. На пример, повторете го она што сте го слушнале од него за да бидете сигурни дека сте разбрале правилно.
Не покажувајте лажна возбуда.
Вратете се на разговор малку подоцна, за детето да знае дека се сетивте за што зборувавте