Дома Живот 3-минутен трик со прст кој го елиминира гневот, тагата и нервозата

3-минутен трик со прст кој го елиминира гневот, тагата и нервозата

392
0

Дали сте нервозни, тажни, лути, не се осмелувате да ги следите своите цели или постојано се плашите? Помогнете си со овој древен метод кој за неколку минути го ублажува споменатиот емоционален стрес, пишува Активни.си.

Акупресурата е древна техника која со помош на притисок на одредени делови од телото може да ублажи разни заболувања. Акупресурата е стара повеќе од 5.000 години и едноставно „користејќи ја силата и чувствителноста на прстите, акупресурата ефикасно ги ублажува проблемите поврзани со стресот, ја зголемува циркулацијата, ја намалува болката и е идеална за зајакнување на имунолошкиот систем“, според Википедија.

Техника што вреди да се проба

Техниката која денес ви ја претставуваме е едноставна енергетска техника која можете да ја правите секаде и во секое време, вели Пем Доремус – американска учителка по јога и мајстор за Реики. И објаснува како можеме да влијаеме на негативните емоции со притискање на одредени прсти.

Палецот – загриженост

Показалецот – страв

Среден – лутина

До малиот – тага

Малиот прст – ниска самодоверба, неодлучност, недостаток на храброст за постигнување желби и цели

Како да го имплементираме методот?

Седиме или стоиме, не зборуваме. Го избираме прстот со кој се обидуваме да влијаеме на одредена емоција и нежно го држиме 2-5 минути. За тоа време, треба да го почувствувате пулсот во прстот, потоа пуштете го и продолжете до следниот прст ако сакате. Дишеме длабоко.

Ако ги чувствуваме овие емоции секој ден, можеме да ги избереме сите прсти и редовно да ја изведуваме техниката, како еден вид дневен утрински или вечерни ритуали. Техниката може да се користи и на работа, кога нешто не лути, пред испит, пред или после важен состанок. Техниката може да се користи кога врските не нервираат или кога сакаме да ја подобриме нашата самодоверба и да собереме храброст за нови потфати.

Претходна објаваКако да останете здрави додека сите околу вас се болни
Следна објаваПроблем во Србија! Лекарите за епидемијата на туберкулоза: Како се добива…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име