Дома Интересно Њујорк го добива својот прв „пловечки“ базен вреден 25 милиони долари

Њујорк го добива својот прв „пловечки“ базен вреден 25 милиони долари

776
0

Изградбата на пловечки базен во Њујорк е проект кој се спроведува веќе десет години, а сега е официјализирано дека локацијата на оваа уникатна градба вредна 25 милиони американски долари ќе биде северно од мостот Менхетен, на устието на Ист Ривер.

Њујорк е град кој никогаш не спие, а во летните месеци добива посебно ниво на живост. Сепак, оваа сезона доаѓа и со често неподносливата топлина што ги „тера“ жителите на градот да одат на јавни базени.
Со нов футуристички проект, жителите на овој град се на чекор до добивање на нов и секако уникатен простор за пливање: пловечки базен на реката.

Познат како базен „+“, поради неговата форма слична на плус, овој проект трае веќе десет години, а организацијата што стои зад него, конечно, официјално обезбеди место за изградба на пловечки базен на делот од реката северно од Manhattan Bridge.

Базенот не само што ќе плови, туку ќе користи вода од реката за полнење. Покрај тоа, еден од многуте инженерски подвизи што го прават овој потфат импресивен е и системот за филтрирање на вода. Според агенцијата „Тајм аут“ од Њујорк, базенот ќе им обезбеди на гостите повеќе од 600.000 литри чиста филтрирана вода секој ден.
Сè уште е нејасно кога ќе се заврши проектот вреден 25 милиони долари, но организаторите и многу жители се задоволни од напредокот и со нетрпение го очекуваат отворањето.

Кара Мејер, извршен директор на + Базен, рече дека следната пречка во градењето и отворањето на базенот ќе биде исполнување на сите здравствени и безбедносни прописи, како и барањата на градската влада.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име