Дома Живот Љубовен хороскоп до 8 февруари! Овенот ќе се заљуби со глава до...

Љубовен хороскоп до 8 февруари! Овенот ќе се заљуби со глава до петици, а еден знак треба да се подготви за страсна авантура

2461
0

Љубовен хороскоп до 8 февруари! Овенот ќе се заљуби со глава до петици, а еден знак треба да се подготви за страсна авантура

Венера ги одбројува последните денови во Рибите, бидејќи на 4-ти февруари влегува во огнениот знак Овен и на многумина ќе им го замрси љубовниот живот. Дознајте што му подготвуваат ѕвездите на вашиот знак.

ОВЕН

Венера влегува во вашиот знак на 4 февруари, па затоа треба да се подготвите да се заљубите. Венера ви носи подароци и внимание, а ќе имате повеќе можности за романса. Овните кои се сингл ќе влезат во страсна врска која долго ќе им остане во сеќавањата.

БИК

Венера во дванаесеттата куќа ви носи тајна љубов. Ќе имате тајна љубов за која интензивно ќе размислувате. Што се однесува до личност од вашето минато, најдобро е таа врска да ја решите до 25 февруари, кога Марс ќе тргне напред.

БЛИЗНАЦИ

Венера во Овен укажува на романса која се раѓа преку пријателска врска. Ќе почнете се повеќе да размислувате за личноста која ви е пријател. Поради директното движење на Јупитер, планетите ви дозволуваат да постигнете постабилна љубовна врска.

РАК

Флертувањето на работа може да биде примамливо, но може да ви предизвика и главоболки. Поради Венера во Овен, ќе ве привлекуваат луѓе кои се амбициозни и остварени во својата работа. Некои Ракови ќе ги измешаат деловниот и личниот живот.

ЛАВ

Време е за романтични патувања! Венера во Овен не само што го разбуди вашиот авантуристички дух туку и ве натера да се движите. Секоја промена во средината може да биде позитивна бидејќи ќе остварите нови познанства. Лавовите кои се во брак треба да одат на патување.

ДЕВИЦА

Поминувате низ период во кој доживувате судбоносни настани. Девиците во брак треба да имаат пореален поглед на партнерот доколку сакаат врската да опстане. Ако сте слободни, можете да запознаете личност која се занимава со уметност.

ВАГА

Венера во Овен ве разбуди емотивно, па подготвени сте за лесен флерт и нови познанства. Веројатно брзо ќе влезете во врска која ќе биде краткотрајна, но возбудлива за вас. Вагите кои се во брак мора да ги решат минатите проблеми до 25 февруари.

СКОРПИЈА

Венера во шестата куќа ви носи флерт на работа. Човек од работа ќе ве привлече со своите работни вештини, но и со својот атрактивен изглед. Вашите денови на работа ќе бидат интересни бидејќи ќе имате за кого да размислувате.

СТРЕЛЕЦ

Интензивно се допишувате со една личност од вашата околина. Венера во Овен може да сигнализира почеток на нова романса. Конечно влегувате во подобар период за љубовни врски. Ќе ви се допаднат Овен и Водолија. Идеален период е и за пократки патувања.

ЈАРЕЦ

Ретроградниот Марс кај Ракот создава тензија во сите емотивни односи. Ова е нагласено ако сте во брак, бидејќи вашиот партнер има нереални барања кои ве заморуваат. Работата ви е најважна во наредните денови, па емотивните проблеми ќе ги исфрлите „под тепих“.

ВОДОЛИЈА

Сезоната на вашиот знак работи во ваша корист, па ве очекуваат интересни средби. Многу Водолии ќе запознаат личност која ќе ги собори од нивните нозе. Венера во Овен ви носи зголемена кореспонденција, но и познанства преку социјалните мрежи.

РИБИ

Нагласена дванаесетта куќа ви носи мистичен период во кој сте емотивно затворени. Тајните, малверзациите и недефинираните врски ќе бидат присутни во наредните денови. Лесно им верувате на луѓето што ви се допаѓаат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име