ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА И ЈА НАМАЛУВА БОЛКАТА ВО ЗГЛОБОВИТЕ: Овој чај од 2 СОСТОЈКИ има пријатен вкус и се пие вака
Успешно ја подобрува циркулацијата на крвта во телото.
Ладни раце и нозе, болки во зглобовите и проширени вени се само некои од знаците дека циркулацијата не работи правилно. Причините за тоа можат да бидат различни, а најчесто може да бидат генетиката, лошата структура на крвните садови, како и недостатокот на физичка активност и лошите секојдневни животни навики.
Предноста на овој лек се рефлектира во брзото проширување на крвните садови на природен начин, што автоматски ја подобрува циркулацијата на крвта. Редовната употреба на овој чај ќе донесе значително подобрување кога станува збор за споменатите состојби.
Чај за циркулација
Освен што ја подобрува микроциркулацијата, овој чај влијае на правилното функционирање на нервниот систем, а се верува дека ја подобрува меморијата и го намалува крвниот притисок. Исто така, циметот како една од двете главни состојки има антиинфламаторно дејство кое помага при воспалителни состојби во организмот, а природно го зајакнува имунитетот и помага во борбата против вирусите и бактериите.
За да го подготвите овој чај потребни ви се две состојки:
- рузмарин
- цимет (мелен или стап)
Како да се направи чај?
Во сад ставете рузмарин и додадете цимет. Со половина литар вода прелијте ги циметот и рузмаринот, покријте го садот и варете додека не зоврие. Откако водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете околу 10 минути. Откако чајот ќе биде готов, оставете го да се олади уште 15 минути и процедете го во шолја. Истурете го преостанатиот чај во тегла со капак и чувајте го во фрижидер за следната рунда.
Колку долго пиете чај?
За максимални резултати, чајот треба да се пие два пати на ден 7 последователни дена. Доколку имате преосетливост на некоја од состојките на чајот, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба.