Ја бојадисавте косата, но бојата веќе избледе? Овие работи не смеете да ги правите ако ја фарбате косата!
Постојат одредени чекори кои можат да ни помогнат да ја одржиме стабилноста на бојата и здравата коса подолго време…
Сега, кога потрошивте илјадници и илјадници денари за да ја добиете токму бојата на косата што ја посакувавте, време е макотрпно да се обидете бојата да трае што подолго. Ситуацијата е обично ваква, веќе по десетина дена црвенокосите стануваат „розеви“, русокосите, особено оние кои преферираат пепелливи тонови, пожолтуваат, а бринетите го губат здравиот сјај и топлите нијанси.
Да бидаме искрени, повеќето од нас прекршуваат некои, ако не и сите правила кои се големо не-не за фарбана коса во првата недела. Експертот за стилизирање на косата и славна колористка, Аура Фридман, за New Beauty објасни неколку основни правила кои треба да се следат доколку сакаме бојата да трае што подолго, а косата да биде здрава.
Не ја мијте косата веднаш
Сите се прашуваме ден-два по третманот колку долго треба да чекаме пред првото перење. Фридман даде едноставен одговор на ова прашање. Таа тврди дека е доволно да се чека 3 дена бидејќи е потребно толку време за да се затворат фоликулите на косата и да се „легне“ самата боја. Доколку одите во теретана или вежбате по фарбањето, добро би било да почекате неколку дена.
Разредете го бројот на миење на косата
Со цел вашата коса да има убав сјај и недопрена боја подолго по фарбањето, се препорачува да не ја миете повеќе од два до три пати неделно. Ако ја миете косата секој ден, не само што го отстранувате пигментот за боја, туку и ја нарушувате нејзината природна структура, односно ја сушите и ги отстранувате природните масла кои се таму за да ги одржувате здрави и хидрирани скалпот и косата.
Избегнувајте жешка вода
Иако изгледа како природна работа на крајот од напорниот ден, само да се фрлите под топол туш, експертите препорачуваат дека постудената вода сепак е подобра за обоена коса. Топлата вода го отвора фоликулот на косата и го „подигнува“ надворешниот слој, а со тоа предизвикува избледување на бојата.
Инвестирајте во шампони за обоена коса
Друг сигурен начин за побрзо избледување на бојата е шампонот со сулфати. Аура Фридман тврди дека сулфатите се она што ви го дава тоа чисто, пискливо чувство. Таа додава дека оние што се свежо фарбани треба да избегнуваат вакви агресивни производи и да користат шампони без адитиви, особено ако често се тушираат.
Често сте изложени на сонце
Иако хемикалиите и хлорот се двете најчести причини зошто нашата боја брзо избледува, постојат студии дека сонцето е еден од посериозните фактори за издржливоста на бојата. Доколку не сте љубител на капи, би било добро да користите спрејови со УВ заштита од сончевите зраци.
Прескокнувате или претерате со употребата на маски и третмани
Да, свесни сме дека понекогаш немате сила или волја да ги потрошите дополнителните 10 минути што вообичаено се потребни за да функционираат маските, но Фридман тврди дека овие чекори се многу важни. Од друга страна, треба да се избегнува прекумерна употреба на препарати и да се нанесува во подебел слој од препорачаното. Не само што нема да постигнете ништо, туку поверојатно е дека ќе ги затнете порите на скалпот, ќе предизвикате лупење на скалпот, односно ќе доведете до контра-ефект.
Се е до заштита
Што се однесува до бојата и топлината, упатствата се многу јасни – не ја стилизирајте косата без средство за заштита од топлина пред да користите топли алатки. Без разлика колку е здрава вашата коса, топлината ја соголува бојата, предизвикува губење на хидратацијата и може да предизвика поголема штета. Топлинските заштитници ја намалуваат загубата на влага од слојот, го прават помазен однадвор и на тој начин спречуваат корозија на бојата. Исто така, се препорачува да се избегнува употреба на спрејови, пени, гелови и слични препарати бидејќи и тие придонесуваат за сушење на косата.
Избегнувајте хлор
Хлорот делува како средство за избелување на вашата коса, што значи дека обоената коса треба да се чува надвор од базенот или барем да се заштити со капа за пливање. На русокосите често им станува „зелена“ косата од хлор, додека девојките со потемна боја често имаат вкочанета коса и го губат сјајот.