Јадење кое мириса на пролет: Млади компири со сенф и рузмарин!
Доаѓа сезоната на млади компири, а овој рецепт ќе ве собори од нозе!
Потребни состојки:
· Млади компири – по потреба
· Морска сол – по вкус
· Бибер – по вкус
· Маслиново масло
· Лажица сенф
· Лажица мед
· ргранче узмарин
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 C, измијте ги и излупете ги компирите, а плехот обложете го со хартија за печење.
Компирите исечете ги на половини (ако се помали) или четвртини (поголеми), ставете ги во плех, посолете и побиберете. Извадете ги иглите од рузмарин од гранчињата и ситно исечкајте ги и посипете ги врз компирите. Во посебен сад измешајте ги сенфот, медот и маслиновото масло и со смесата прелијте ги компирите, па сè убаво измешајте (најдобро е со раце, смесата да се размачка рамномерно).
Ставете ги компирите во рерна и печете ги околу 45 минути (зависи од моќноста на рерната). По 25 минути, малку промешајте и вратете ги во рерна.
Готовите компири послужете ги додека се топли, најдобро како прилог со пилешко, стек или говедско месо.