Дома Твој Готвач Штрудли полнети со џем (рецепт)

Штрудли полнети со џем (рецепт)

2142
0

Овие крцкави штрудли полнети со џем НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КУПИТЕ, се топат во устата, а колку подолго седат, толку стануваат повкусни…

Многу лесно се прават со само неколку состојки.

Состојки за крцкави штрудли со џем:

500 гр обично брашно
250 гр путер
180 гр кисела павлака
70 гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер
џем по желба
шеќер во прав за декорација

Подготовка на крцкави штрудли со џем:

Измешајте го путерот на собна температура со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер додека не добиете мазна и пенеста смеса. За таква текстура ќе ви требаат околу пет минути мешање. Потоа додадете ја павлаката и убаво измешајте со путерот и шеќерот. На крајот малку по малку се додава брашното и се меша рачно со остатокот од смесата.

Не го додавајте целото брашно одеднаш, бидејќи така ќе биде тешко да се замесите мазно тесто. Треба да добиете мазно тесто кое не се лепи за тавата, но доколку забележите дека е малку лепливо, слободно додадете уште малку брашно. Тестото не треба да одстои, можете веднаш да почнете да ги обликувате штрудлите. На набрашнета површина развлечете го тестото во правоаголник со дебелина не повеќе од пет милиметри.

Потоа, со нож или секач, поделете го тестото на ленти широки најмалку шест, а најмногу осум сантиметри. Намачкајте го џемот во центарот на секоја лента.

Потоа доведете ги рабовите од тестото преку џемот, внимателно залепете ги цврсто со прстите и спојте ги и измазнете ги. Внимателно префрлете ги штрудлите во плех на хартија за печење. Ставете ги во рерна загреана на 180 Целзиусови степени.

Печете ги околу 20 минути, а во зависност од моќноста на рерната неколку минути помалку. Штрудлите не смеат многу да пожолтат, мора да останат малку полесни. По печењето изладете ги и обилно посипете ги со шеќер во прав.

Претходна објаваКантарион за лекување на многу здравствени проблеми
Следна објаваИмате низок крвен притисок, еве како можете да си помогнете

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име