Дома Здравје Што укажува пад на крвниот притисок:Сигнал што не смее да се игнорира

Што укажува пад на крвниот притисок:Сигнал што не смее да се игнорира

835
0

Според истражувањата, крвниот притисок најчесто паѓал кај луѓето кои боледуваат од деменција.


Крвниот притисок игра многу важна улога и често може да го диктира здравјето на една личност. Според научните истражувања , крвниот притисок во подоцнежната фаза од животот почнува благо да опаѓа, а тоа е околу 14 до 20 години пред телото да почне да се „исклучува“.

До овој заклучок дошол Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер од Велика Британија, кој спровел експеримент на околу 46.634 Британци кои починале на 60-годишна возраст или подоцна, а во примерокот биле вклучени луѓе кои биле здрави, но и оние кои имале деменција како и срцеви заболувања , објави веб-страницата today.uconn.edu
Според овие студии, крвниот притисок најмногу паднал кај пациентите кои страдале од деменција, срцев удар, слабеење, како и кај оние кои имале висок крвен притисок. Интересно е и тоа што намалување е забележано и кај пациенти кои немаат ниту една од наведените болести.
„Нашето истражување фрла светлина на важноста од следење на состојбата на постарите пациенти како што ја гледаат лекарите насекаде. Би бил многу вознемирен доколку некој ја протолкува нашата работа како мотив да не се лекува хипертензијата во подоцнежните години со лекови и да не се препишуваат вели авторот на истражувањето.
Во него се наведува и дека лекарите треба да обрнат внимание на тоа што значи пад на крвниот притисок за постарите пациенти. Постојат многу знаци кои укажуваат на близината на смртта, а висината на притисокот и сите промени поврзани со него може да бидат индикатори.

Претходна објаваШто ќе се случи ако наутро јадете банана и испиете чаша млака вода на празен стомак
Следна објава7 негативни особини на натпросечно интелигентните луѓе

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име