Дома Живот Што треба да знаете за пастите за избелување на забите?

Што треба да знаете за пастите за избелување на забите?

185
0

Пастите за избелување можат трајно да ги оштетат забите

Ако забите се бели, тоа не значи дека се здрави. Абразивите се ситни честички кои помагаат да се отстранат дамките од храна и пијалоци од забите. Колку се погруби абразиви, толку се погруби и поагресивни. Исто така, пастите кои содржат хемиски избелувачи можат да ја оштетат забната глеѓ и на тој начин да предизвикаат повеќе штета отколку корист.

Вкусот на ментол може да биде „стапица“

Едно е сигурно – најчестиот вкус на паста за заби е ментол. Иако е многу освежителен, аромата на ментолот може да биде пресилна, што може да предизвика чувство на печење во устата, но и да влијае на вкусот на храната и омиленото прво утринско кафе на многумина. На ист начин, интензивниот вкус на ментол дава „лажно“ чувство на добро измиени заби, поради што често го скратуваме времето на четкање и со тоа го загрозуваме здравјето на забите и непцата.

Бидете внимателни со пастите кои многу пенат

Мекото ткиво на оралната слузница има висока и брза моќ на апсорпција, што значи дека не мора да ја голтате пастата за заби нејзините состојки да влезат во вашето тело. Токму поради ова, исклучително е важно да знаете што содржи.

Активно средство за пенење – натриум лаурил сулфат (NLS) е една од најчестите агресивни состојки што може да се најде во пастата за заби. Тоа е детергент кој прави пена од пастата за заби, која може да предизвика иритација на непцата, алергиски реакции или промена на вкусот, а често предизвикува појава на болни и непријатни рани.
За да го зачувате здравјето и убавината на вашите заби, важно е да користите производи за избелување кои нежно ја враќаат природната белина на вашите заби.

Претходна објаваОвој витамин ги ублажува симптомите на депресија
Следна објаваОвие знаци покажуваат дека имате навистина слаб имунолошки систем

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име