Дома Здравје Што се случува со нашето тело кога се прејадуваме?

Што се случува со нашето тело кога се прејадуваме?

268
0


Сите го знаеме чувството дека ќе експлодираме откако ќе претераме со храната.

Во ретки случаи тоа е можно дури и затоа што просечниот човечки стомак може да поднесе и до четири литри храна, додека само еден литар храна е доволен за да предизвика чувство на прекумерна ситост и мачнина.

Откако ќе јадеме оброк богат со масти , шеќер и јаглехидрати , нашето тело едноставно троши премногу енергија за да ја свари храната што ја јадеме, што често не прави да се чувствуваме уморни и летаргични.

Кога ќе дојде до варење, панкреасот произведува хормон инсулин, што пак доведува до зголемување на мелатонин и серотонин, што може да направи да се чувствуваме поспани и среќни во исто време.

Јадење храна

Понекогаш е дури и тешко да ги држиме очите отворени бидејќи гликозата од храната може да ги наруши невроните во мозокот кои произведуваат протеини во текот на денот што не одржуваат будни.

Масните клетки произведуваат хормон лептин, кој испраќа сигнали до мозокот дека повеќе не сме гладни.

Секој пат кога ќе јадеме малку повеќе отколку што треба, телото ќе произведува повеќе од овој хормон и по некое време стануваме отпорни, поради што мозокот веќе не може да препознае дали сме јаделе или не.

Колку и да е тешко да одолеете на вкусен оброк, понекогаш најдобро е да го послушате вашето тело.

Иако после обилниот оброк, физичката активност е последното нешто што ви паѓа на ум, најдобро би било после оброк да се прошетате на свеж воздух за да го забрзате разградувањето на храната, и да го намалите непријатното чувство на надуеност кое се јавува после оброк.

Google search engine
Претходна објаваНема да верувате што се забранува во Северна Кореја
Следна објава8 показатели дека сте во здрава врска

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име