Дома Life Што се случува со нашето тело за време на постот?

Што се случува со нашето тело за време на постот?

443
0

Што се случува со нашето тело за време на постот?


Вшера започна велигденскиот пост кој ќе трае до 15 април. Следниот ден православните христијани ќе го слават најголемиот празник – Велигден.

Во периодот на постот, покрај месото, обично не се консумираат млеко, јајца и млечни производи.

Акцентот на постот е на умереноста во храната, дури и на доброволното гладување, со цел да се истакне подготвеноста за жртва и одрекување од љубов и благодарност за Христовото страдање и смрт.

Постот може да има многу моќен ефект врз нашето тело и нуди голем број на придобивки.

Ако се прашувате што всушност се случува во нашето тело, од час во час додека постиме, еве го одговорот.

Започнува Великиот пост – денес е Чист Понеделник

0 до 4 часа

Првите четири часа после јадење се познати како фаза на анаболен раст. Телото ја користи енергијата што штотуку ја внесовме со храната за да ја стимулира нашата тековна активност, односно за растот на клетките и ткивата.

Панкреасот произведува хормон инсулин. Ова му овозможува на телото да ја користи гликозата што се ослободува во крвотокот по оброкот и да складира вишок енергија во клетките за подоцнежна употреба.

Од 4 до 16 часот

Втората фаза на постот започнува по четири часа и трае приближно 16 часа по последниот оброк. Ова е катаболичка или фаза на распаѓање, кога сите хранливи материи почнуваат да се ослободуваат од „складиштето“ за да се користат како енергија.

Кога ќе истече енергијата складирана во нашите клетки, телото почнува да се потпира на складираните масти. Процесот на ослободување маснотии и нивно согорување за енергија ослободува кетони, што обично се случува околу 16 часа по оброкот.

Брзината со која ќе стигнете до оваа фаза навистина зависи од тоа што сте јаделе во последните неколку оброци пред постот. Ако сте јаделе многу јаглени хидрати и скроб, ќе ви треба малку подолго отколку ако јадете претежно масти и протеини.

Една од најмоќните карактеристики на постот, наречена автофагија, исто така започнува во оваа фаза.

Автофагијата се активира со намалување на регулаторот за раст наречен МТОР, а процесот во основа е како пролетно чистење на клетките. Ги отстранува мртвите или оштетените клеточни материјали кои инаку можат да придонесат за стареење, рак и хронични болести.

16 до 24 часа

Откако ќе поминат 16 часа од последниот оброк, гликозата во клетките и гликогенот во црниот дроб и мускулите почнуваат брзо да се намалуваат, што предизвикува складираните масти да се согоруваат за да се задоволат енергетските потреби на телото.

Потребите за енергија во оваа фаза веројатно не се многу променети – сè уште се будиме, работиме, одиме, комуницираме со луѓето, можеби дури и вежбаме. Производството на друга хемикалија, АМП-активирана протеин киназа (АМПК), исто така се активира во овој момент.

Меѓутоа, ако планирате да го направите целиот пост, би било препорачливо да се консултирате со вашиот лекар.

Претходна објаваДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ВТОРНИК, 28 ФЕВРУАРИ! Овен пред нови љубовни можности, Шкорпиите блескаат пред претпоставените!
Следна објаваНе се откажувајте од КАФЕТО, овој магичен напиток ве штити од многу ФАТАЛНИ болести

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име