Дома Здравје Што се случува со нас кога имаме грип?

Што се случува со нас кога имаме грип?

346
0

Животниот циклус на грипот може да се подели во три фази, а во втората фаза се чувствуваат познати симптоми како треска и болки во мускулите. Иако никој не ги сака, болките во грлото, кивањето и другите симптоми тешко се избегнуваат. Затоа дефинитивно е добро да знаете каков е циклусот на грип, што се случува во телото и што можете да направите.

Што се случува во телото: Вирусот на грип некако дошол во контакт со респираторниот систем, било со вдишување, откако некој ќе кашлал во ваша близина или со контакт со загадена површина, по што ги ставате рацете во близина на устата, носот или очите. После тоа, вирусот го наоѓа својот пат низ клетките кои го поврзуваат респираторниот систем и почнува да се репродуцира.

Како се чувствувате: Во оваа фаза сè уште не чувствувате никакви симптоми.

Што да направите: За жал, ништо не може да се направи во оваа фаза, бидејќи не ни знаете дека имате грип.

Следните пет до седум дена

Што се случува во телото: Имуните клетки се движат до местата каде што се репродуцира вирусот на грип и испраќаат сигнални молекули кои го предупредуваат телото да го забрза имунолошкиот систем. Телото го зајакнува својот имунитет како одговор на нападот на вирусот, така што грипот не влијае на другите клетки.

Како се чувствувате: Одеднаш добивате висока температура, се чувствувате многу уморни, почнувате да кивате, ви е ладно и ве болат сите мускули и тело.

Што да направите: Ублажете ги симптомите со пиење чај, земање таблети за грло, а за треска пијте парацетамол. Најдоброто нешто што можете да го направите во оваа фаза е одмор. Исто така, внимавајте дека сте многу заразни во оваа фаза, особено во првите неколку дена по појавата на симптомите. Затоа, останете дома и не одете на работа за да не ги заразите другите.

Последните неколку дена

Што се случува во телото: Благодарение на имунолошкиот систем, можете да се збогувате со вирусот на грип. Болеста и сите нејзини симптоми конечно исчезнуваат.

Како се чувствувате: Можеби сè уште имате мала треска и болки во грлото, главно од оштетување од кашлање, меѓутоа, многу високата температура и другите симптоми генерално исчезнуваат.

Што да правите: Одморете се колку што ви треба, но треба да се чувствувате значително подобро од претходните денови. Исто така, повеќе не сте заразни, па ако се чувствувате добро, можете да планирате да се вратите на работа.

Што е важно да се знае за заразноста на грипот

Кога сте болни, вие сте заразни се додека покажувате симптоми, кои обично вклучуваат кашлање и кивање, бидејќи вирусот може да се шири преку капки вода. Високата температура е исто така уште еден показател дека сè уште сте заразни. Заразниот период помина ако веќе немате треска, замор и болки во мускулите и зглобовите.

Но, нивото на заразност е повисоко на самиот почеток на болеста отколку на нејзиниот крај, бидејќи вирусот во телото тогаш е поконцентриран. Покрај тоа, децата може да имаат подолги симптоми на грип и нивната заразност може да трае подолго отколку кај возрасните.

Причината за тоа е што децата немаат развиено антитела за вирусот, па затоа вирусот се размножува во поголема концентрација отколку кај возрасните. Така, децата можат да бидат заразни седум до десет дена, во споредба со пет до седум дена кога просечен возрасен е заразен.

Сепак, потребно е да се има предвид дека симптомите и времетраењето на заразноста се разликуваат од личност до личност, а грипот може да трае подолго кај лица кои имаат ослабен имунолошки систем или страдаат од хронични заболувања. За тие групи луѓе, грипот може да биде многу опасен, може да ја влоши постоечката болест, да предизвика пневмонија или некои други компликации.

Претходна објаваНе ги игнорирајте болките во грбот
Следна објаваШипинка е ризница на витамини

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име