Дома Здравје Што се случува во телото од маслиновото масло

Што се случува во телото од маслиновото масло

343
0

Покрај тоа што е вкусно и одличен додаток на оброците, маслиновото масло има многу здравствени придобивки. Имено, тоа е богато со здрави мононезаситени масти. Луѓето од Медитеранот имаат навика наместо путер или свинска маст да јадат многу маслиново масло и други здрави масти, па затоа се главно поздрави и живеат подолго.

Подолу е листа на сè што се случува во телото кога јадете маслиново масло.

Намален ризик од мозочен удар
Едно истражување, во кое учествувале 841.000 луѓе, покажа дека маслиновото масло е единствениот извор на мононезаситени масти, поврзан со намален ризик од мозочен удар.

Намален ризик од срцеви заболувања
Од 2018 година, има доволно докази кои сугерираат дека консумирањето маслиново масло е поврзано со намален ризик од срцеви заболувања. Особено, конзумирањето на олеински киселини од масла за јадење како што се маслиново или сончоглед може да го намали ризикот од срцеви заболувања.


Забавување на ревматоидниот артритис
Ревматоидниот артритис е автоимуна и воспалителна болест која предизвикува болен оток на одредени делови од телото. Студиите сугерираат дека консумирањето маслиново масло може да резултира со намалување на воспалението, а со тоа и намалување на болката.

Може да помогне со плодноста
Она што го јадете може да игра голема улога во вашата плодност. Многу истражувања покажаа дека мажите и жените кои се на медитеранска исхрана богата со маслиново масло имаат поголеми шанси да забременат.

Може да го намали ризикот од дијабетес
Маслиновото масло е поврзано со позитивни ефекти врз шеќерот во крвта. Истражувачките податоци покажуваат дека ризикот од развој на дијабетес е помал кај луѓето кои практикуваат медитеранска исхрана.


Помека столица
Животот со запек или тврд стол е, во најмала рака, непријатен. Конзумирањето маслиново масло може да им помогне на луѓето кои страдаат од овие проблеми.

Посилни коски
Една мала студија покажа дека маслиновото масло ја подобрува минералната густина на коските кај жените.

Може да ги елиминира бактериите кои предизвикуваат чир
H. pylori е бактерија која може да предизвика чир на желудникот. Податоците сугерираат дека две лажици маслиново масло дневно можат да ја елиминираат оваа бактерија за две недели, пишува Eat this.

Претходна објава7 типови на луѓе кои доаѓаат во нашите животи со причина
Следна објаваАко имате висок крвен притисок, не треба да ги јадете овие намирници

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име