Што не смеете да ставате на местото на изгореници
Сите ги фатиле прстите на врелa пегла или случајно извадиле плех од рерната и се изгореле. Во такви ситуации, дали е соодветно да брзате за мраз и да го притиснете на повреденото место?
Дерматолозите велат дека тоа е најлошото нешто што можеме да го направиме и облогите со мраз само ќе предизвикаат поголема штета на кожата. Исто е и со миење на раната со алкохол. На кожата треба да и се помогне со нешто што нема дополнително да ја трауматизира.
„Дури и ледената вода може да го зголеми ризикот од инфекција“, објаснува д-р Алан Капин, специјалист за итна медицина.
„За помали изгореници, можете да нанесете ладна (не ледена) вода така што ќе ја ставите – на пример, раката под чешмата и така ќе ја држите пет до дваесет минути – објаснува докторот.
После тоа, нежно избришете ја водата и нанесете малку хидратантно средство, а потоа заштитете ја раната со памучна облога или завој, внимавајќи да не се залепи фластерот над повредената површина на кожата. Може да земете некој аналгетик ако имате силна болка.
Додека изгореницата се лекува, редовно одржувајте ја хигиената, измијте ја областа со млак сапун и нанесете антибиотска крема за да спречите инфекција.
Во случај на поголеми изгореници, треба да побарате помош од лекар, а тоа се случува кога:
изгореницата е поширока од 10 см,
изгорената кожа го покрива зглобот,
изгореницата е на лицето, вратот, стапалото или раката,
изгореницата боли повеќе од две недели или
упорно не се лечи
Изгорениците од втор степен се оние кои создаваат плускавци на кожата. Тогаш никогаш не смеете да се обидувате насилно да ја извадите облеката од изгореното место. Исто така, не прскајте спрејови за прва помош и не нанесувајте масти, бидејќи тоа само ќе го забави ослободувањето на топлина од повредениот дел од телото.
Не е дозволено пробивање на плускавците, бидејќи тоа може да доведе до инфекција, но треба да се побара стручна помош. Овие изгореници може да доведат дури и до тетанус.
Изгорениците од трет степен се оние каде што кожата поцрнува или повредата оди сè до коската. Тие бараат итна медицинска помош.