Дома Здравје Што кажуваат вашите нокти за вашето здравје

Што кажуваат вашите нокти за вашето здравје

605
0

Еве на лесен начин да ја проверите состојбата на вашето тело – само погледнете ги ноктите и нивниот изглед ќе открие многу.

За пет минути, според изгледот на ноктите, можете да ја проверите состојбата на вашето тело. Верувале или не – ноктите откриваат многу.

Кршливи нокти

Ако вашите нокти често пукаат и се кршливи, може да имате недостаток на железо или витамин Б. Проверете и консултирајте се со лекар.

Суви нокти

Ова може да укаже на проблеми со тироидната жлезда, особено ако сте забележале дека вашата кожа е исто така сува и сте почнале да се дебелеете без причина.

Жолти дамки

Ова се знаци на габична инфекција, особено ако забележите дамки на прстите, но тие можат да бидат и знаци за псоријаза, кожна болест.

Кафени или црни пруги

Може да има знаци на некаква траума на ноктите од ударот, но во многу ретки случаи може да се работи за меланом, па затоа посетете дерматолог доколку сте сигурни дека не е од некој удар или повреда.

Жолти нокти

Ако сте сигурни дека не се жолти од некој лак, тоа е можен знак за дијабетес или белодробни заболувања.

Бели дамки

Голема е веројатноста да имате недостаток на цинк и доколку со додавањето на овој минерал исхраната не исчезне после еден месец, можеби станува збор за некоја постара траума на ноктите.

Претходна објаваВиното го намалува ризикот од артритис
Следна објаваЗајакнете го имунитетот на природен начин

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име