Дома Здравје Што за телото прават лукот, ѓумбирот и медот на празен стомак?

Што за телото прават лукот, ѓумбирот и медот на празен стомак?

252
0

Лукот е една од состојките што најчесто се користи во кујната низ целиот свет. Тој дава храна со специфичен вкус и се верува дека лекува многу болести.

Лукот има антибактериско дејство и може да го намали високиот крвен притисок и холестерол, да спречи корорнарна срцева болест и срцев удар. Исто така може да ги запре ефектите на атеросклерозата. Ако страдате од секојдневни здравствени проблеми како што се панкреатитис, дијареја кај патници, настинки, грип, каснувања од инсекти или габични инфекции, лукот ќе го реши проблемот. Покрај тоа, тој активно учествува во олеснување на симптомите на остеоартритис, дијабетес и зголемена простата.

Лукот го зајакнува имунитетот и му помага на организмот да ги отстрани токсините, а во комбинација со мед и ѓумбир ги ублажува и отстранува негативните ефекти од хемотерапијата. Лукот најдобро се консумира суров на празен стомак затоа што, во спротивно, телото има потешкотии да ги апсорбира сите хранливи материи.

Ѓумбирот е прекрасен зачин покрај одличниот вкус има моќни лековити својства. Експертите истакнуваат дека дефинитивно треба да стане дел од секојдневната исхрана. Најчесто се користи во источните култури и се додава на разни видови овошје и зеленчук. Ѓумбирот ќе додаде посебен вкус на сите ваши јадења, а истовремено ќе ги направи поздрави.

Ѓумбирот е еден од најдобрите извори на антиоксиданти, затоа е одличен за спречување на низа болести и зајакнување на имунитетот. Ги штити клетките од штетните ефекти на слободните радикали и го регулира процесот на стареење.

Рецепт: лук, мед и ѓумбир
За овој моќен пијалок ви треба чешне лук, парче ѓумбир, лажица мед и чаша топла вода.

Исцедете едно чешне лук и изрендајте парче ѓумбир. Додадете лажица мед и добро измешајте. Додадете ја смесата во чаша топла вода и уште еднаш измешајте сè добро. За подобар вкус и уште посилен ефект, можете да исцедите половина лимон во овој пијалок.

Земете ја оваа комбинација секој ден на празен стомак бидејќи ќе се чувствувате поздраво и ќе бидете полни со енергија.

Претходна објаваИнтересни факти за млекото
Следна објаваЧоколадо и какао против замор!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име