Дома Здравје Што е флурон и кои се симптомите?

Што е флурон и кои се симптомите?

1260
0

Спротивно на некои тврдења на социјалните мрежи, флурон не е нова варијанта на Ковид-19. Последната откриена варијанта на Ковид-19 беше омикрон и Светската здравствена организација оттогаш не идентификуваше други варијанти.

Имено, кога коронавирусот и вирусот на грип се појавуваат во телото истовремено, тоа е болест наречена флурон. Првиот случај на оваа болест е откриен во Хрватска .

И грипот и Ковид-19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми. Според Светската здравствена организација, симптомите и на грип и на ковида варираат од личност до личност, но постои група на исти симптоми кои се пријавени кај пациенти, пишува Business Insider.

Тие се: губење на вкус и мирис, треска и кашлица, отежнато дишење, губење на апетит, постојана болка во градите.

СЗО вели дека благите симптоми на флурон може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација.

Сепак, постојат потешки симптоми на флурон, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.

Претходна објаваДали сте хронично уморни? Можеби страдате од овој симптом
Следна објаваНајлесниот рецепт за посни кроасани

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име