Дома Психолошки совети Што е всушност клучно за подобра меморија?

Што е всушност клучно за подобра меморија?

206
0

Истражувачите го скенирале мозокот на повеќе од 330 возрасни субјекти и им предложиле да прават тестови за учење и меморија. Тие откриле дека оние со поголем хипокампус, делот од мозокот кој служи како центар за меморија, не мора да бидат подобри на тестовите.

Претходните истражувања покажаа дека хипокампусот се намалува со возраста и може да биде поврзан со губење на меморијата кај постарите лица и луѓето со Алцхајмерова болест. Но, оваа студија покажа дека количината на посебен вид бела материја, наречена лимбична бела маса, е клучна за подобра меморија.

Студија од 2004 година покажа дека големината на хипокампусот нема никаква врска со квалитетот на меморијата кај постарите луѓе, а ова е прва студија која објаснува зошто.

Др. Ендрју Бендер, автор на студија објавена во медицинското списание Cerebral Cortex, истакнува дека треба да се набљудува врската помеѓу хипокампусот и остатокот од мозокот. Работел со експерти од Унгарија и Германија на скенирања на мозокот кои ја откриле големината на хипокампусот и ја испитувале белата маса.

Белата материја се наоѓа во центарот на мозокот, и е полна со нерви кои пренесуваат пораки низ телото во форма на електрични сигнали. Се разликува од сивата материја која се состои од други видови клетки како што се крвните садови.

Луѓето во студијата биле тестирани, па морале да слушаат 15 зборови и да запишат онолку колку што можеле да се сетат подоцна. Тие го направија тестот пет пати за научниците преку повторување да видат колку добро луѓето учат.

Др. Бендер и неговите колеги се обидоа да најдат врска помеѓу тоа како луѓето брзо ги научиле зборовите, големината на нивниот хипокампус и белата материја. Откриле дека само оние кои имаат и поголем хипокампус и повеќе бела материја учат побрзо од другите.

Податоците би можеле да им помогнат на лекарите порано да ја забележат Алцхајмеровата болест кај луѓето. Тоа е најчеста форма на деменција и прогресивна болест која ја уништува способноста за паметење и размислување, а на крајот и способноста за извршување дури и едноставни задачи.

Google search engine
Претходна објаваШто треба да знаете за ендометриозата, болест која погодува една од десет жени?
Следна објаваПравославните христијани денеска го празнуваат Св. Василиј Велики

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име