Дома Здравје Што да јадете за да го зајакнете телото ако имате омикрон?

Што да јадете за да го зајакнете телото ако имате омикрон?

1726
0

Телото мора да биде силно за да се бори против болеста.

Ако и вие, како и многумина, сте цел на омикрон, важно е да знаете како да го зајакнете телото. Храната што ја консумирате игра голема улога во ова. Затоа, ви кажуваме список на храна која треба да се јаде за да се зајакне организмот.

Јогурт
Една од најдобрите намирници што можете да ги јадете ако имате омикрон е јогуртот. Мек е, ладен и добар за грлото, а полн е со протеини. Можете да додадете и ситно сечкана бабана бидејќи е полна со калиум.

Сладолед
Иако звучи неконвенционално, сладоледот е одлично задоволство кога сакате да го наполните стомакот и кога ве боли грлото. Се лади и лесно се голта и ќе ве засити. „Сладоледот содржи гликоза и протеини, така што нема да изгубите многу килограми ако немате апетит“, рече лекарот Роберт Г. Лахита.

Пијалоци со електролити
„Течноста е важна, и секогаш е добро да се внимава ако има електролити во неа, особено ако вашите симптоми се повраќање и/или дијареа. Ако ги пиете овие пијалоци и со овие симптоми одржувате нормално ниво на калиум и натриум во телото“, вели Лахита.

Супи и чорби
И супите и чорбите го спасуваат грлото, а исто така се полни со електролити. Доколку имате апетит, добро е да јадете супа со некој извор на протеини и зеленчук.

Протеински шејкови
Овие препарати се благи и лесни за голтање, а полни се со протеини кои му се потребни на телото кога се бори против инфекцијата.

Јадете го овој вид зеленчук
Ако имате апетит, јадете зеленчук како брокула, зелка и зелје. Сите овие намирници се полни со хранливи материи што ви се потребни.

Болоњезе
Кога вирусот ќе почне да слабее, апетитот може брзо да ви се зголеми и ќе имате желба да јадете сè пред вас. Добар избор тогаш се тестенините со малку сос од месо.

„Можете да јадете фина чинија тестенини и малку да го подигнете шеќерот во крвта, но не претерувајте. За да го направите оброкот изедначен, додадете малку сос од месо. На пример, боонџет е мојот личен фаворит“, вели д-р Лахита.

Што е со цитрусите?
Иако изгледа како добра идеја бидејќи се полни со витамин Ц, д-р Лахита вели дека можеби не е паметно затоа што ова се кисели намирници кои тешко ќе ги голтнете ако ве боли грлото, пишува Eat this .

Претходна објаваНаправете супер едноставни нутела брауни од само три состојки
Следна објаваВашиот омилен алкохолен пијалок кажува многу за вашата личност

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име