ШТО ДА ГОТВИМЕ ЗА РУЧЕК? Пилешко во пикантен сос
Вкусното пилешко во сос е идеален ручек за денес…
Состојќи:
500 гр пилешко,
1 кромид,
половина главица лук,
две лути пиперки,
400 гр доматна паста,
магдонос,
сол, бибер.
Подготовка:
Зачинете го пилешкото со сол и бибер и пржете на врело масло по пет минути од секоја страна, па извадете го.
Во тоа масло најпрво се динста сечканиот кромид, се додаваат сечканите две лути пиперки и сечканиот лук и заедно се пржат кратко.
Истурете ја доматната паста, измешајте, вратете го прженото пилешко и намалете ја топлината. Покријте и варете додека пилешкото не омекне, околу 45 минути.