Дома Здравје Што ако пиете премногу пробиотици…

Што ако пиете премногу пробиотици…

469
0

Придобивките од пробиотиците се споменуваат со години. Од одржување на рамнотежа на бактериите во цревата, до помагање во одржување на здрав дигестивен систем. Новите докази покажуваат дека премногу пробиотици може да предизвикаат некои прилично непријатни симптоми.

Употребата на пробиотици може да резултира со значителна акумулација на бактерии во тенкото црево, што може да доведе до дезориентација, надуеност и болки во стомакот.

Во објавеното истражување на 30 пациенти, 22 пријавиле проблеми како што се конфузија и тешкотии со концентрирање, како и надуеност. Треба да се напомене дека сите учесници земале пробиотици.

„Истражувачите открија големи колонии на бактерии кои се размножуваат во тенкото црево на пациентите, но и високи нивоа на Д-млечна киселина произведена со ферментација на шеќери од лактобацил од нивната храна“, рече Сатиш Рао, директор за неврогастроентерологија на Медицинскиот факултет во Џорџија.

Познато е дека Д-млечната киселина е привремено токсична за мозочните клетки. Истражувачите откриле дека некои пациенти имаат два до три пати поголема количина на Д-млечна киселина во крвта.

Некои рекоа дека нивната дезориентација и губење на когнитивните способности, кои траеле од половина час до неколку часа после јадење, биле толку тешки што морале да ја напуштат работата.

Според извештајот објавен во списанието „Clinical and Translational Gastroenterology“, ова е првпат да се воспостави врска помеѓу состојбите на мозокот и прекумерниот раст на бактериите во тенкото црево, предизвикан од високите нивоа на Д-млечна киселина во цревата и употреба на пробиотици.

Иако пробиотиците може да бидат корисни во некои ситуации, како што е помагањето на пациентот да ги обнови цревните бактерии по земањето антибиотици, истражувачите советуваа да се внимава од прекумерна употреба и недискриминирачка употреба.

„Пробиотиците треба да се третираат како лек, а не како додаток во исхраната“, вели д-р Рао.

Докторот напоменува дека би било добро да се користат и намирници кои имаат ефект на пробиотици, како што се: темно чоколадо, јогурт, кисела зелка и особено кефир.

Претходна објаваЗголемената стомачна киселина се неутрализира со одредени намирници
Следна објаваБојата која ќе „владее“ во 2023 година е избрана, еве ја!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име