Дома Твој Готвач Шницли од компир

Шницли од компир

113
0

Шницли од компир за лесен летен ручек.

Состојки:

2 поголеми компири

1 поголема главица кромид

2 јајца

1 лажичка сол

бибер

2-3 лажици брашно

чили или слатка мелена пипер, по вкус

100 гр лебни трошки

Подготовка:

Излупете ги компирите и кромидот, а потоа изрендајте ги компирите и кромидот одделно. Кога компирот ќе ја ослободи водата, исцедете го, а потоа измешајте го со кромидот. Додадете јајца, зачини по вкус, брашно и измешајте сè добро. Од смесата направете шницли, превртете ги во малку презла, па пржете ги на масло додека не поруменат. Извадете го во крпа за да впие вишок маснотии. Послужете топло, со парче шунка или сланина и парче домашно сирење.

Google search engine
Претходна објаваОваа храна треба да ја јадете во текот на летото за да се разладите
Следна објаваБелиот фустан е модна класика која е неизбежна и ова лето

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име