Свинското месо е лесно за подготовка и многу вкусно на овој начин…
Состојки:
- 2 свински шницли
- 2лажици сенф
- 1 чешне лук
- 1/2 коцка за супа
- брашно
- сол, бибер
Подготовка:
Се толчат шницлите со чекан за месо и се посипуваат со сол и бибер, па се премачкуваат со повеќе сенф од едната страна, а потоа во брашно.
Ставете ги во тавата од другата страна, па свртете и пропржете ги малку.
Додадете половина од коцката за супа, сечканиот лук и чаша вода и динстајте додека месото не омекне.
На крајот, ако сосот е потенок, додадете малку брашно и оставете да зоврие.