Дома Здравје Шест позитивни ефекти на лубеницата врз човечкото тело

Шест позитивни ефекти на лубеницата врз човечкото тело

32
0



Лубеницата е популарно летно овошје кое се консумира во текот на долгите топли денови. Ова освежително овошје е полно со витамини и хранливи материи, па дури може да ви помогне и да се одбраните од болести.

Еве шест позитивни страни што консумирањето лубеница ги предизвикува на човечкото тело.

  1. Одржува хидратација

„Лубеницата со средна големина содржи околу 92 проценти вода, па затоа е одлична опција да останете хидрирани“, вели Елизабет Бејл, основач на „Елизабет Беил нутриционизам“.

Водата е важен дел од функционирањето на организмот. Всушност, водата сочинува 60 проценти од составот на нашето тело, што објаснува зошто игра голема улога во скоро секој организам.

  1. Содржи есенцијални витамини

Лубеницата содржи многу витамини што му се потребни на вашето тело, вклучувајќи: витамин А, Ц, Б6. Исто така, лубеницата содржи магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

  1. Помага при управување со телесната тежина

Едно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Големата содржина на вода во лубеницата исто така може да биде заситена и да ви помогне да внесете помалку калории во целина.

Студија од 2019 година, која ги испитувала ефектите од конзумацијата на лубеница врз ситоста и телесната тежина кај возрасни со прекумерна тежина и дебели лица, открила дека оние кои конзумирале две парчиња лубеница дневно за четири недели, се чувствувале помалку гладни и изгубиле значително повеќе килограми од групата што консумирала колачиња со калории.

  1. Спречува болка во мускулите

“Лубеницата содржи Л-цитрулин, амино киселина која помага да се намали болката во мускулите после тренинг. Л-цитрулин ги проширува крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбање”, вели Ејми Шапиро. , диететичар и основач на Real nutrition.

Студија од 2013 година покажа дека учесниците кои пиеле обичен сок од лубеница или сок од лубеница измешан со цитрулин имале помалку воспаление на мускулите после тренинг отколку групата која пиела само пијалок цитрулин.

  1. Го намалува крвниот притисок

„Бидејќи цитрулин помага во отворање и релаксирање на крвните садови, може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисок“, вели Шапиро.

Ако останете правилно хидрирани, исто така можете да помогнете во подобрување на крвниот притисок бидејќи ова му помага на вашето срце поефикасно да испумпува крв во вашите мускули.

Студија од 2012 година откри дека додавањето екстракт од лубеница го намалува крвниот притисок кај дебелите возрасни лица со хипертензија (висок крвен притисок) или прехипертензија.

  1. Го подобрува варењето на храната

„Влакната се важни за варењето на храната, бидејќи додаваат маса на столицата, што го олеснува поминувањето“, вели Шапиро.

Иако лубеницата не содржи многу растителни влакна – околу еден грам на парче – неговата висока содржина на вода може да помогне во подобрувањето на варењето на храната.

Претходна објаваРимскиот Колосеум го отвора своето подземје за посетителите за прв пат во историјата…
Следна објаваКако технологијата негативно влијае на нашиот мозок?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име