Дома Живот ЧУДО ВО БРАЗИЛ, МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: ЕДНАШ ВО МИЛИОН СЛУЧАИ…

ЧУДО ВО БРАЗИЛ, МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: ЕДНАШ ВО МИЛИОН СЛУЧАИ…

588
0

ЕДНАШ ВО МИЛИОН СЛУЧАИ Бразилка (19) родила близнаци кои имаат РАЗЛИЧНИ ТАТКОВЦИ: Тестот и ги потврдил сомнежите, а еве како докторот го објаснува овој МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН.

19-годишна жена од Бразил родила близнаци кои имаат различни татковци. Нејзините бебиња се вистински медицински феномен бидејќи вакво нешто се случува еднаш во милион случаи.

Младата мајка, која сакаше да остане анонимна, рекла дека во ист ден била интимна со двајца мажи, поради што на своите деца им направила тест за татковство осум месеци по породувањето. Собрала ДНК-материјал од маж со кој имала врски и за кој и покрај необичниот сплет на околности верувала дека е татко на двете деца. Се испостави дека само едно дете е негово.

Можеби ќе ве интересира

И вториот потенцијален татко бил тестиран и резултатот за второто бебе бил позитивен.

Овој феномен научно се нарекува хетеропарентална суперфекундација.

Во интервју за Глобо, докторот на мајката на близнаците, Тулио Хорхе Франко, објасни: „Можно е две јајце клетки од иста жена да бидат оплодени од различни мажи“. Бебињата го делат генетскиот материјал на мајката, но растат во различни плаценти“.

Тој нагласи дека случајот е исклучително редок, и дека е „еден во милион“ и дека никогаш не помислил дека ќе види такво нешто во животот. Се претпоставува дека во светот има само 20 такви случаи.

Локалните медиуми објавија дека децата сега имаат 16 месеци, а еден од татковците помага во грижата за децата.

Претходна објаваКРЕМ САЛАТАТА СО СУСАМ: Од пет состојки ќе добиете вкусна фантазија – одлична и украсна за сите празници!
Следна објаваВински оцет дел од народната медицина

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име