Дома Здравје Чудесна диета со банани

Чудесна диета со банани

454
0

Оваа брза диета, како што вели нејзиниот творец, наједноставната диета ја смислил Јапонецот Хитоши Ватанабе. Навистина, на прв поглед, неговата идеја е многу едноставна.

Тој предлага прво да јадете по една банана секое утро и да пиете чаша обична вода загреана на собна температура, додека во текот на денот не треба да се воздржувате и можете да ги јадете вообичаените закуски, ручек и вечера.

Меѓутоа, доколку се одлучите за оваа диета, по вечерата ви е забрането да консумирате алкохол, сладолед и десерт, додека со секој оброк треба да пиете само вода, секогаш загреана на собна температура.

Иако оваа диета за кратко време стекна огромна популарност, нутриционистите ширум светот истакнуваат дека таа не е чудесна. Навистина, бананите и водата за појадок помагаат во забрзување на метаболизмот, а таквиот оброк е навистина нискокалоричен.

Имено, во зависност од видот, бананата содржи од 72 до 135 калории, од 10 до 20 грама шеќер, но и само два до четири грама целулоза, што не е доволно, бидејќи час или два по овој појадок кој се состои исклучиво од јаглехидрати, се чувствуваме гладни, велат научниците.

Според нив, идејата да јадете што сакате за ручек, вечера или ужина не е вистинскиот рецепт за слабеење, особено што Хитоши Ватанабе не инсистира на зголемена физичка активност додека се придржува до исхраната.

Од друга страна, повеќето нутриционисти истакнуваат дека доколку сакате да ослабете, мора да бидете физички активни, и дека мора да го контролирате и внесот на калории во организмот и нивното согорување.

Затоа, далеку поздраво е, наместо да јадете само банана наутро, да си подготвите вкусен и нутритивно вреден фрапе од само 150 калории што ќе ве држи сити подолго време.

Помешајте една банана со неколку коцки мраз и шолја јогурт и на овој начин ќе внесете во организмот 12 грама протеини, покрај корисни влакна, па подолго ќе бидете сити.

Претходна објаваПире од три вида зеленчук (рецепт)
Следна објаваВитамини за здраво срце

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име