Дома Здравје Чудесната моќ на невенот!

Чудесната моќ на невенот!

704
0

Невен – одличн е во борбата против кожни болести, како што се акни, брадавици и егзема, а се користи и против изгореници, рани и смрзнатини.

Во Непал го нарекуваат цвет со стотина ливчиња, во Англија мерино злато, кај нас е познат како невен – но, зад едноставното име стои растение со повеќекратна употреба, од лековити до естетски до кулинарски.

Во третманот најчесто се користи цветот со светло портокалова боја и тоа во сушена форма. Од него се прават чаеви, масла и масти, во чии лековити својства се увериле дури и старите Грци и Римјани. Одличен е во борбата против кожни болести, како акни, брадавици и егзема, а се користи и против изгореници, рани и смрзнатини.

Бидејќи го поттикнува потењето, се користи против покачена температура и треска. Благодарение на провитаминот А, делува благотворно на очите, па се препорачува и при конјунктивитис. Има антиинфламаторно дејство, ги елиминира проблемите во дигестивниот тракт, ја нормализира функцијата на црниот дроб и лачењето на жолчката, а докажана е и неговата моќ да ја запре благата дијареа, поради што е идеален во летниот период.

Покрај лековитите својства, невенот е познат и по својата убавина. Цвета од мај до ноември, лесно се одгледува во градината или во саксија и има моќ да растера инсекти и други штетници. Цветовите се јадливи, иако не се особено вкусни, а поради нивната светла боја се користат за украсување салати.

Претходна објаваЦрвени очи – Конјунктивитис
Следна објаваЗошто е зголемена Уреата во крвта?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име