Велигденскиот пост е најважен за православните христијани, а на многумина им е тешко да ги постат деновите без масло во делот од постот каде што се јаде храна подготвена без масло. Тоа, сепак, не мора да биде така…
Состојки:
2 праз,
1 главица кромид,
300-400 гр компири,
сол,
бибер,
ловоров лист,
сок од половина лимон,
лажица брашно
Подготовка
Загрејте малку вода, додадете ситно сечкан праз, кромид и варете додека кромидот не омекне. Додадете компири исечкани на коцки, сол, бибер, ловоров лист, прелијте сè со 1 литар вода, варете 45-50 минути на средна топлина. Се трга од оган, се додава една лажица брашно и се варат уште пет минути. На крајот, зачинете сè со сок од лимон.