Дома Твој Готвач Чоко чиа пудинг-подгответе го навечер вашиот појадок

Чоко чиа пудинг-подгответе го навечер вашиот појадок

275
0


Ова е појадок за оние кои се секогаш брзаат наутро, без оглед дали работат од дома или одат на работа …

Дури и ако работите од дома, подготвувањето појадок во текот на работната недела ви одзема време и го забавува темпото на работа. Чиа пудинг со какао е идеален за вакви ситуации затоа што треба само да го извадите од фрижидер и да го послужите со свежо овошје, кокос, ореви, парчиња темно чоколадо …

Се разбира, наместо бадемово можете да користите кокосово, соино или обично млеко, а јаворовиот сируп може слободно да го замени со мед. Препорачуваме да направите поголема количина бидејќи може да стои во фрижидер три до четири дена.

Состојки:

30 гр какао во прав
3 лажици јаворов сируп или мед
½ лажички цимет
малку сол
½ лажички екстракт од ванила
350 мл бадемово млеко
80 гр семе од чиа

Подготовка:

Измешајте какао со цимет, сол, екстракт од ванила и јаворов сируп.
Добро промешајте, а потоа додадете малку млеко и мешајте додека не добиете мазна паста. Истурете го остатокот од млекото.
На крај додадете ги чиа семето, промешајте, покријте го со фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ.

Претходна објаваДенеска е Спасовден – Вознесение Христово
Следна објаваСунѓерите кријат многу опасности, научете како да ги отстраните

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име