Чоколаден куглоф со портокал
Еве, на ред е сладок куглоф, овој пат чоколаден, со портокал.
Целата куќа мирисаше додека се печеше, а речиси сето тоа исчезна пред да се олади.
За среќа, имав можност да видам дека е прекрасно и откако ќе преноќи во фрижидер (едно парче).
Доколку сакате да го направите, што топло ви го препорачувам бидејќи е навистина едноставно, еве го рецептот:
Состојки:
Куглоф :
- 3 јајца
- 160 гр путер/маргарин
- 180 гр шеќер
- 180 мл млеко
- 50 мл сок од портокал
- рендана кора од 1 портокал
- 250 гр брашно
- 30 гр какао во прав
- 1 прашок за пециво
Глазура :
-150 гр чоколадо
-50 гр путер/маргарин
-5 лажици масло
Подготовка:
Во тенџере се става путерот да се растопи, се трга од шпорет, се додава шеќерот и сите состојки освен јајцата. Добро изматете, па додајте ги јајцата и на крај кората од портокал.
Доколку сакате ишарете го со какао.
Истурете во подмачкан калап и печете на 180 степени 50 минути.
Оставете малку да се излади.
За глазурата на тивок оган растопете ја чоколадата со маргарин и масло, убаво измешајте и прелијте со куглофот.
По желба посипете со бело чоколадо.