Дома Живот Чистотата е половина здравје, а дали е доволно да се капете три...

Чистотата е половина здравје, а дали е доволно да се капете три пати неделно?

385
0

Со туширање ги отстрануваме нечистотиите од телото, но може и премногу да ја исушиме кожата, да ја оштетиме нејзината природна заштита и на тој начин да обезбедиме непречено продирање на бактериите во организмот.

Чистотата е важна, но што се случува кога премногу се тушираме?

Нормалната кожа е заштитена со слој маснотии и „добри“ бактерии, кои ја штитат кожата од сушење и пенетрација на „лошите“ бактерии. Просечната pH вредност на кожата е 5,5, што е добра средина за заштита од штетни микроорганизми и негативни влијанија од околината. Киселиот заштитен слој ја штити кожата од инфекции, иритации, алергии и сушење. Агресивните производи за нега често го оштетуваат овој заштитен слој, што резултира со чувство на чешање и кожата станува иритирана и сува. На површината на кожата се појавуваат мали пукнатини што овозможуваат навлегување на бактерии и алергени. На имунолошкиот систем му е потребна одредена бактериска стимулација, вклучително и бактерии кои живеат на заштитниот слој на кожата.

Децата се особено чувствителни
Антибактериските сапуни можат да придонесат за овој процес бидејќи премногу агресивно ја убиваат природната бактериска заштита на нашата кожа. Децата се особено чувствителни, бидејќи нивната кожа сè уште нема природен кисел заштитен слој со pH вредност од 5,5. Ова е причината зошто некои педијатри и дерматолози не препорачуваат секојдневно капење на децата.

Што ќе се случи ако не се капеме?
Непријатниот мирис е само една од последиците од лошата хигиена. Акумулацијата на масти и бактерии на кожата понекогаш може да предизвика појава на акни и затнување на порите. Можни се и прекумерно лупење на кожата и појава на егзема.

Колку често треба да се туширате?
Не постои единствен одговор, повеќето експерти ќе советуваат едно туширање дневно. Има и такви кои веруваат дека капењето два или три пати неделно е подобро за здравјето.
Многу зависи од природата на работата што една личност ја работи. Некој кој поминува часови на сонце на поле сигурно ќе има потреба да се капе почесто од некој што поголемиот дел од времето го поминува под сенка.

Сепак, луѓето кои имаат некои форми на алергии, или особено мрсна кожа, може да размислат за почесто капење. Од друга страна, некои кожни заболувања може да бараат туширањето да се сведе на минимум.

Колку долго треба да трае бањата?
Постојат важни разлики помеѓу туширање неколку минути и бањање за половина час. Експертите тврдат дека долготрајното изложување на топла вода и купки воопшто не е добро за кожата и косата.

Претходна објаваДен на „тешки мисли“ може да ве доведе до лош избор
Следна објаваДали постои рецепт за намалување и контролирање на стресот?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име