Кога не знаете што да приготвите за десерт, секогаш може чизкејк. Овој десерт во чаша, за кој ви треба само половина час, е многу едноставен, а сепак многу вкусен.
Состојки:
50 гр плазма / интегрални / ситни бисквити,
25 гр путер,
100 гр грчки јогурт,
50 гр свежо крем сирење,
75 гр слатка павлака,
2 лажица шеќер во прав,
250 гр овошје,
Подготовка:
Измелените бисквити измешајте ги со путерот стопен на собна температура. Распоредете ја смесата во 3 садови или чаши и чувајте ги во фрижидер.

Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав додека не стане цврста, измешајте го јогуртот со свежото крем сирење и додадете ги во слатката павлака. Нежно измешајте ги сите состојки додека не се соединат како крем. Додадете го кремот во подготвената подлога од бисквити и ставете ги повторно назад во фрижидер најмалку еден час.
Како последен чекор, исечете го овошјето по ваш вкус, иако се препорачуваат шумски плодови како малини, капини, боровинки и јагоди или цреши, бидејќи најдобро одат со сирење. Ставете го овошјето на кремот. Подготвениот чизкејк оставете го во фрижидер да се олади додека не го сервирате.
Уживајте во вашиот десерт!