Дома Психолошки совети Четири реченици кои манипулаторите ги користат за да се чувствувате несигурно

Четири реченици кои манипулаторите ги користат за да се чувствувате несигурно

325
0

Четири реченици кои манипулаторите ги користат за да се чувствувате несигурно…

Манипулаторите сакаат да контролираат друга личност и на тој начин да стигнат до сопствената цел. Кога ќе почнете често да ги преиспитувате вашите мисли, чувства и верувања, тогаш манипулаторите имаат моќ да владеат со секој аспект од вашиот живот. За да ги забележите навреме, прочитајте подолу кои се најчестите фрази кои манипулаторите ги користат во обид да ја контролираат својата „жртва“ и да ја нарушат нивната самодоверба.

Не ме разбра

Сите понекогаш погрешно ги толкуваме работите, но манипулаторот намерно ќе ве обвини и ќе ви каже дека не сте разбрале баш што сакал да каже. На овој начин тие кај вас создаваат несигурност и сомнеж и ја преземаат контролата врз она што го мислите, зборувате и верувате.

Психолог објаснува: Четири индикатори дека имате работа со МАНИПУЛАТОР

Премногу драматизирате

Манипулаторите многу често ја користат таа реченица или нешто слично „Ти претерано реагираш“. Кога некој манипулатор ве етикетира како личност која претерано драматизира, тоа ве спречува да ги изразите сопствените емоции и да го кажете тоа што го мислите.

Секогаш кога сакате да споделите некој ваш проблем, тој ќе ви каже дека претерувате. Наскоро ќе се случи работите да ги задржите за себе, а се што ќе каже да помине затоа што сакате да избегнете конфликт. Ова му овозможува на манипулаторот да го контролира секој ваш потег.

Ти требам

Целосната контрола е крајната цел на манипулаторот. Тие сакаат да мислите дека не можете да функционирате без него. Ако почнете да верувате во тоа, тоа целосно ќе ве контролира. Манипулаторот не е целосен без оваа контрола.

Ти си…

… љубоморен, каустичен, параноичен и слично. На овој начин манипулаторот се обидува да создаде чувство на сомнеж кај жртвата за исправноста на сопствените одлуки или постапки.

Ако манипулаторот повторува такви работи на долг рок, личноста на крајот почнува да верува во тоа. На овој начин манипулаторот гради самодоверба и ја уништува вашата

Претходна објаваКако да ги намалите брчките на природен начин?
Следна објаваНајчести болести по 60-тата година

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име