Дома Здравје Четири намирници кои предизвикуваат запек

Четири намирници кои предизвикуваат запек

490
0

Малкумина имаат таква среќа што имаат совршено варење.

Ако не сте меѓу оние среќните, знаете колку запекот може да биде срамен. Затоа, можеби ќе треба да ја регулирате вашата исхрана, а особено да ја намалите или елиминирате храната наведена подолу која предизвикува запек.

Млечни производи
Не е тајна дека млечните производи можат да имаат негативно влијание врз дигестивниот систем, особено ако претерате со нив. Децата се особено чувствителни на кравјото млеко, а за луѓето кои страдаат од хроничен запек, лекарите препорачуваат да се обидат да консумираат алтернативи од билки.

Црвено месо
За тоа не е виновно самото месо, туку фактот што зафаќа многу простор во стомакот. Имено, луѓето кои јадат многу црвено месо најчесто не добиваат доволно влакна, а црвеното месо содржи и многу масти. Секако, ако навистина сакате црвено месо, можете да го јадете, само ограничете ја количината и оставете ги другите оброци да бидат богати со влакна.

Преработена и пржена храна
Брзата храна може да биде поттик за запек. Имено, преработената храна е полна со масти и нема многу влакна. Ова особено лошо влијае на цревата и го забавува движењето на храната во дигестивниот систем.

Слатки
Ако има премногу слатки во вашата исхрана, тие можат да предизвикаат запек бидејќи немаат влакна. Најлошиот запек предизвикуваат оние слатки полни со шеќер, пишува Health .

Претходна објаваНевен: растение кое прави чуда за цревата, кожата, крвта и притисокот
Следна објаваДијабетесот предизвикан од Ковид може да биде привремен

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име