Дома Здравје Често мокрење…

Често мокрење…

665
0

Често мокрење.

Се верува дека просечниот човек уринира 6 до 7 пати на ден, иако оваа бројка може да варира во зависност од количината на течност што се консумира во текот на денот. Честото мокрење се смета за мокрење кое го надминува овој број иако внесот на течности е во нормални граници.

Честото мокрење може да биде предизвикано од дијабетес, воспаление на уринарниот тракт, болести на простатата, бременост, интерстицијален циститис и употреба на диуретици.

Дијабетес мелитус

Луѓето кои страдаат од дијабетес често уринираат и имаат зголемено чувство на жед. Кај луѓето со дијабетес, вишокот гликоза се акумулира во крвта, а бубрезите се принудени дополнително да работат за да ја филтрираат и апсорбираат таа гликоза.

Доколку бубрезите не можат да го постигнат тоа, вишокот гликоза се излачува преку урината заедно со течностите од другите ткива, што придонесува за чувството на жед. Поради оваа причина, лицето ќе внесе повеќе течности, па затоа и почесто уринира.

Два симптоми на дијабетес кои се забележуваат кога одите во тоалет

Иако честото мокрење на почетокот нема да биде толку забележливо, нагонот за мокрење ќе биде почест и во текот на ноќта.

Покрај честото мокрење, дијабетесот е проследен и со други симптоми, како што се губење на тежината, замор, чувство на слабост, заматен вид, слаба периферна циркулација итн.

Ако некое лице се сомнева во дијабетес, неопходно е да се направат неколку лабораториски тестови, вклучувајќи тест на крвта, анализа на гликолизиран хемоглобин (HbA1c), случаен тест на крвта и орален тест за толеранција на гликоза (OGTT).

Воспаление на уринарниот тракт

Честото мокрење може да биде и знак за воспаление на уринарниот тракт, т.е. инфекции на уринарниот тракт (ИУТ). Инфекциите на уринарниот тракт обично се предизвикани од бактерии, но понекогаш може да бидат предизвикани од габи, па дури и од вируси.

Воспалението на уринарниот тракт може да биде локализирано каде било во уринарниот тракт, вклучувајќи ги бубрезите, уретрата, мочниот меур и уретерот.

Жените имаат пократок уретра од мажите, што значи дека се поподложни на уринарни инфекции, особено на инфекции на мочниот меур.

Меѓу најчестите причини за инфекција е ешерихија коли (E. coli), која доведува до циститис, додека одредени бактерии кои стигнуваат до уретрата од анусот ( гонореја , кламидија или микоплазма) предизвикуваат уретритис.

Покрај честото мокрење, воспалението на уринарниот тракт може да предизвика и болка и печење за време на мокрењето. Иако личноста често чувствува потреба да врши нужда, количината на урина што ја испушта е мала по волумен, црвеникава или светло портокалова боја и има силен, понекогаш непријатен мирис.

Претходна објаваХемороиди – Прашавме експерт како да се справиме со овој проблем и еве конкретни совети
Следна објаваБолести на простатата

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име