Дома Здравје Чај од магдонос за здравје и убавина

Чај од магдонос за здравје и убавина

697
0


Една од најчесто користените билки може да се користи и за правење чај кој не само што е вкусен, туку има и диуретично дејство и обезбедува убава и чиста кожа.

Магдоносот содржи многу супстанции корисни за здравјето и убавината. Меѓу другото, тој е богат извор на витамин Ц, антиоксиданс кој го штити организмот од слободни радикали, го зајакнува имунитетот и ја промовира синтезата на колаген, клучен за сврзното ткиво и кожата. Од другите антиоксиданти, магдоносот се смета за најдобар извор на апигенин, кој може да спречи некои видови на рак.

Тој е богат извор на витамин А – во форма на три каротеноиди: бета-каротен, лутеин и зеаксантин – важен за здравјето на очите и витамин К, кој има улога во заздравувањето на раните. Исто така, содржи железо, калиум и фолна киселина. Експертите велат дека е доволно да се испие една чаша чај од магдонос на ден и препорачуваат магдоносот добро да се измие или да се натопи во ладна вода во која е додаден малку оцет пред да се подготви чајот.

За чаша чај:
¼ чаши свеж магдонос
1 чаша врела вода
малку свежо исцеден сок од лимон
Ставете го магдоносот во чаша и истурете ја врелата вода. Оставете го да отстои 5 минути, а потоа исцедете го (ако сакате посилен чај, оставете го уште неколку минути). Откако чајот ќе се излади малку, додадете сок од лимон.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име