Дома Здравје Чај од анасон: Помага при варење, воспаление и ги ублажува менструалните болки

Чај од анасон: Помага при варење, воспаление и ги ублажува менструалните болки

210
0

Анасонот е растение кое потекнува од Египет, а се користи како зачин во јадења и пијалоци, но и за правење чај. Секој чај има одредени придобивки за телото. Додека некои ќе го загреат телото, некои ќе бидат одлични за настинки и други болести.

Чајот од анасон содржи многу хранливи материи и се користи за подобро варење, ги ублажува менструалните болки, симптомите на менопаузата и го намалува воспалението.

Како да направите чај од анасон?
Анасон има лесен и сладок вкус. Иако можете да купите готов чај од анасон, овој чај може да се направи и од самиот зачин. Од семките и листовите се прави чај. Во шолја ставете една лажичка свежо семе од анасон и прелијте го со врела вода. Оставете да отстои околу 10 минути, па процедете. На крајот можете да додадете малку мед или млеко. Треба да се пие полека, во голтки. Ако сте купиле чај од анасон, важно е само да ги следите упатствата на пакувањето.

За што е добар чајот од анасон?
Ова се некои од проблемите со кои може да помогне чајот од анасон.

  1. Содржи многу железо
    Чајот од анасон содржи многу железо , поточно, само една лажица семки од анасон содржи 13 проценти од дневната доза на железо. Освен железо, содржи и манган, а во помали дози калциум, магнезиум, фосфор, калиум и бакар.
  2. Може да спречи чир на желудникот
    Чир на желудникот е многу непријатна појава која може да предизвика гадење, варење и печење во пределот на градниот кош. Чајот од анасон може да ја спречи појавата на чир, но и да ги ублажи симптомите на луѓето кои имаат чир.
  3. Добар е за дигестивни проблеми
    Чајот од анасон се користи и за дигестивни проблеми како дијареа или запек, но и за мачнина или повраќање. Уште од античко време се користи како благ лаксатив. Одличен е за смирување на нервозните црева или гасови во цревата. Кога се користи за овие цели, треба да се пие незасладено.
  4. Добро е за респираторни проблеми
    Овој чај ги лекува бронхиите, односно го олеснува кашлањето, а може да биде и прва помош при настинки, грип, бронхитис или астма.
  5. Ги ублажува симптомите на менопауза
    Менопаузата е нормален процес кој настанува со стареењето кај жените, а се појавуваат симптоми како топли бранови , слабост и сува кожа. Анасонот се однесува како естроген во телото и затоа може да ги ублажи симптомите на менопаузата.
  6. Го намалува воспалението во телото
    Одредени студии покажаа дека семето од анасон може да го намали воспалението во телото и да спречи болести. Анасонот е богат со антиоксиданси, па затоа може да спречи болести кои предизвикуваат оксидативно оштетување во телото. Подеднакво, овој чај може да го зајакне имунитетот. Дополнително, чајот од анасон се препорачува за доилки бидејќи го поттикнува лачењето на млекото, а помага и против колика кај малите деца и доенчињата .

Дали чајот од анасон има несакани ефекти?
За повеќето луѓе, чајот од анасон нема да има никакви несакани ефекти. Сепак, некои луѓе може да доживеат алергиска реакција, особено кај луѓе кои се алергични на зачини како што се анасон, магдонос, целер или копар. Исто така, земањето на овој чај не се препорачува за луѓе кои имаат рак на дојка или ендометриоза, бидејќи анасонот делува како естроген.

Заклучок
Анасонот е билен чај со сладок вкус кој се пие за варење, воспаленија, бронхитис, но и за бројни состојби во организмот. Добро е за доилки и за деца, а може да се направи многу лесно.

Претходна објаваРецепт за брзи новогодишни шишарки кои изгледаат како да сте ги правеле цел ден
Следна објаваДали сте слушнале за леб од гриз? Ова е специјалитет во арапскиот свет

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име