Тешко е да се замисли маса без лук. Не само што му дава на јадењето фантастичен вкус, туку е и неверојатно здрав.
Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ќе ги уништиме неговите корисни својства доколку не го искористиме на правилен начин. И тука доаѓаме до голема грешка која многумина ја прават.
Лукот секогаш исечкајте го десет минути пред да го јадете или додадете го во храната, советуваат експертите, бидејќи така ќе го извлечете максимумот од него. Токму тука многу луѓе грешат – сечкаат лук и веднаш го јадат или го додаваат во некое јадење.
Пред употреба, исечкајте ги или притиснете ги чешнињата лук и оставете ги да отстојат најмалку пет, по можност 10 минути. Толку време е потребно за да се синтетизира медицинската состојка алицин. Откако лукот ќе одмори некое време, варете го пет до 15 минути на тивок до средна топлина за да ги зачувате хранливите материи.
Младиот лук има интензивен мирис и е исклучително богат со витамин Ц. Сувиот лук нема мирис и без проблем можеме да го чуваме во кујна. Се додека не го исечеме. Потоа, под дејство на ензим, алинот се претвора во алицин, кој всушност е најпознатата компонента на лукот, објаснуваат експертите.