Дома Life Храна против несоница

Храна против несоница

217
0

Храна против несоница

Современото темпо на живот, стресот и наглите временски промени се повеќе влијаат на проблемите со спиењето.

Многу стручњаци истакнуваат дека исхраната е многу важна за квалитетот на сонот и дека лесно можете да се изборите со несоницата со редовни оброци и правилен избор на храна.

Вечерата е најважна за мирен сон, затоа во овој оброк вклучете храна богата со јаглехидрати кои влијаат на зголемување на хормонот серотонин во организмот.

Докажано е дека овој хормон делува смирувачки и ни помага да се справиме со стресот. Затоа збогатете го менито со житарки, тестенини и интегрални пецива. Со јаглехидрати најдобро е да се комбинираат пилешко, риба, зелен зеленчук, печурки, туна, коскесто овошје, банани…

Десет намирници за блескав тен

Исто така, важно е во текот на денот да јадете храна богата со витамини од групата Б – грашок, грав, кикирики, пивски квасец, млеко, јајца, црн дроб, компири…

Неопходни се и минерали, пред се калциум и магнезиум (млеко, млечни производи , сардина, спанаќ, брокула, суви смокви, кромид, бадеми, темно чоколадо…) чиј недостаток може да доведе до зголемена напнатост, замор и чести грчеви.

Во вечерните часови, препорачливо е да избегнувате пијалоци кои содржат кофеин, како и енергетски пијалоци. Пред спиење намалете го внесот на слатки кои влијаат на зголемување на шеќерот во крвта и ве одржуваат будни, како и зачинета храна.

Претходна објаваДесет намирници за блескав тен
Следна објава7 фантастични употреби на лукот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име